|

КРСТЕ МИСИРКОВ
Знам, ќе ме ломат, и ќе ме сломат! Силните секога се и прави и груби – Туку најгрдото поглавје од мојот роман ќе носи наслов: од свои убиен! Ко сеништа ќе облетуваат крај мене, ќе колват ко мршојади, кобно ќе грачат, грижливо ќе ми сплетат трнов венец и ковчег скапоцен приживе ќе ми порачаат! Еј, век, испошаран со лути рани! штом се судираат зборот и мечот нема дилеми – Устата пепел наполни ја, камен стани, јади го срцето полека и гледај вземи. Ножот е нож, штом ти се готви нема шега, функција тој е на доброто, но интимен со злото – Ех, болка дива в срцето молска, стега, кога на правдата се зарие до дното. Сал еден потег доста е да е закана. Галабу бел на моите македонски мисли, летни! Железо ѕвецка, им светка метален сјај в рака На неколкумина безочни и неприветни. Оган ја вжарил мислата, таа е крик што јачи: жив си $ нужен на татковината, гробови има доста! Бидејќи за да значиш подолго треба да зрачиш и трајна трага да оставиш! И знај, до целта патишта има многу, по еден или друг, до неа секако ќе втасаш, затоа, со идеалите никога не се збогувај, тие и поразените ги красат! Та, што е поразот? Миг само! А идеалот – вечност. Високо челото! Високо знамето на своите визии! Вистината се провира низ противречности за да се облагодари низ ризик! |