|
 Миладин УГРЕНОВИЌ
Набрана јанѕа, в скутина рика. Од зад сонцето дури и изгрева мисла. И секој збор планина е една, во душата стипсана ко сугаре в лулка. А, ти ... високо нa ридот, ко сончева посестрима световите ги броиш и светот твој в болката го бараш. Сал клетвата македонска од пред исконска доба, те тера да траеш и синови да раѓаш. Зашто рожбата во крвта ти е, да препливаш води, да изгаснеш жед. |