Среда, 18 Ноември 2015    Печати
Бегалци

Бедни мајки здогледав
од родина изгонети.
На крстопат затекнав
во згрч мало девојче
мртвото братче
во пазувите стегаше.

Бесно погледнав,
на небото  бесрамно  
ново сонце се раѓаше,
а слободата умираше
зад ѕидиштата на градот антички  
од моите предци соѕидан.

Страдалници благоверни!
Тоа беа на одмазда страдалници,
страдалници на одмазда
од довчерашните пријатели,
од довчерашните соседи
од ајмани од бедствие спасени.

pece-cvetkovski

(автор: Пеце Цветкоски)