|
Моето име е Македонија ! Презимето, македонка ! Со преврзани рани од минатото и со душа вдахната кон иднината, ќе отрчам среќна.
Песна македонска и благородна, низ планини и рамнини да разлеам .
Кога погледнам назад, знаме со крв од куршуми.
Кога погледнам напред поетите пеат.
Пеат, во лоното на зборот! За мракот тогашен и светлината денешна.
За етното тркало од Божјата рака, кое се тркала неуморно и македонски .
Мала грутка земја си ти Македонијо, со голема плодност.
Љубов се сее по ливадите на срцата наши и среќа се вее, што Ти постоиш!
Те сакам Македонијо! Земјо историска, со крв исплатена и со неа, во убаво име овековечена.
Име не се менува!
Моето име ќе биде секогаш, Македонија!
 МИЛИЦА ПАУЛУС
|