|
Ќе гние во јад оној што корени ти брани и тиранин клет што те растргна на три страни. Плаче Егеј твоја колевка страдна на огниште стара мајка за чеда свои гладна, ги распрснаа душмани низ светови далечни, зар за свое парче земја треба да се клечи, гнијат ниви пусти, по своето патат чекаат чеда свои на огниште да се вратат. родна земја во тишина трае, а Егеј прашува народе знаеш ли Македонија до кај е? Плаче и Пирин по своето чедо пусти ти домови уште од прадедо, копнеж ечи од планина клета духот на Јане уште низ неа шета, скршија клетници патриотски стремеж тежи од прогонства нејзиното бреме, се слуша низ шумата жална ека да се вратиш на огниште чедо пирин те чека. Родна земја во тишина трае, а Пирин прашува Народе знаеш ли Македонија до кај е? И Пустец запустен си има рана надеж скршена во срце стои збрана, окови тешки носи, се бори сам кој ли ви откорна родна грутка вам, и вам ви пресудија некои други во родна ви земја да бидете слуги, и на твојот праг стои бол и тебе те грабна тиранин зол, запустен сиот и Пустец пати и тој чека свое на свое да се врати. Родна земја во тишина трае, а Пустец прашува Народе знаеш ли Македонија до кај е? Ти искрои судбина некој зол свет ѓаволски алчен, за туѓо жеден душман клет, оној што незнае вели дека си мала, а ти што е твое, уште не си збрала. Слушај земјо чеда твои што ти велат, Свој на своето си само кога си цела, Од каде до каде имач крвави капки, Од каде до каде се твоите стапки, Знаат ли клетници што од злоба гнијат До кога крвта црвена ќе ти ја пијат? А распарчена земја во тишина трае Народе тебе те прашува, Дали знаеш Македонија до кај е?
 СЛАВИЦА МИТРОВСКА ЦАЦИ
|