|
 Пеце Цветкоски
Под барјаков црн од чемерот, црн ко земјава македонска - црн од крвта света јуначка.
Под барјак од рани крвави - рани длабоки - долги векови, од солзи оловни искален. Под овој барјак македонски од искон јуначки крвавен со дробни солзи налеван. Овој алов барјак пресветол во плач на пород осветен во оган-кад на бој просветлен. На овој црн-алов барјак лелеав со лика-прилика ангелска - бесот македонски е испишан. Чујте го врагови мојот аманет. Честа на народов мој напатен знајте нема да ја погазите! За овој барјак од барут окаден со реa на безброј лешови, јунаци реки крвје пролиле. За сите македонски јунаци на наган и кама заветвам, Освета! - Ништо веќе не жалам! Ни еден нема да остане кој само глас ќе подигне на мајка ми Македонија! |