|
Високо на ридот, откај што извира силата на твојот збор, дамарите не ти даваат да заспиеш. Те тераат простум да боледуваш за Неа. Зашто каменот и клетвата не зафтасале да го запретаат проѕирот. Ах, поету! Сонце на врутокот ... Уште по колку манастирски војѓе ќе лунѕаш, дури името не и го позлатиш, како што е запишано во твоето срце: Македонијо, прва и последна моја севдо!
 МИЛАДИН УГРЕНОВИЌ
|