|
Исправен гордо, на врвот горе крстот прегратка шири, со љубов божја како да сака, целиот свет да го скрили. Со волшебен блесок, месечината сјајна, утробата на мракот ја пара и чиниш крстот го бара. Секоја ноќ, во бескрајот вечен, за љубов тие сонуваат, а во мугрите, во светлоста на денот, со тага се збогуваат. Кога би се љубеле, крстот и месечината, по патот на добрината, сите би чекореле! Љубовта - храм наш единствен ќе биде! Од сите извори, потоци на среќа ќе бликнат, во сите срца, рози на љубовта ќе никнат, мирис љубовен што ќе шират, светов закаран да го смират!
 МАКЕДОНКА ЧАДИНОСКА
|