Среда, 18 Мај 2016    Печати
Тишина!!!

    Ми се гади
    од поделеност!!!
    Брат, брата си кога го блуе со  загаденост
    Другар,другарот кога го
    пизми најсурово
    Мажот, жена си кога ја
    љуби неверно
    Татко, сина си кога го храбри
    за бој!
   
   Акустично врие експрес лонецот
    мајка, ќерка и' ја учи благодетно,
    да готви ЉУБОВ за сестра си,
    другарот, мажот и', татка си
    а мајка да цени ко животецот свој!
    Затоа ТИШИНАА!!!
    
    Од утробата на мајката земја
    МАКЕДОНИЈА се раѓа сонцето
    а не раката на ѓаволот.
    ТИШИНАА!!!

slagjana-brezovska
Слаѓана Брезовска