Среда, 01 Јуни 2016    Печати
Земјо моја

Земјо моја, нежна, цветна и горда
создадена од крв во долга борба
чувана во мое око, во зеница
кој ли те продаде, чија си свршеница?

Безсрамно те нудат  и те кудат
во мене болки се будат
немоќен  било што да сторам
што да правам, против свој се борам.

Не, тие не се мои, не се ниту наши
нив само долар и власт ги плаши?
дојдени од улица, колку се страшни!

Земјо моја, како да те спасам од овој понор?
сега сум сам, го губам и својот цветен двор
колку и да те вадам, вардам, стана исушен бор.

rajko-stojanoski
Рајко Стојаноски