Среда, 10 Август 2016    Печати
Да бев

Да бев камен грб на шеснаесеткрако сонце
развеано платно
во твоите раце Македонијо
Да бев песна в срце што пее од чедо вечно
погубено
на твоите плеќи в гора Македонијо
Да бев птица будилка в лет од в зори  да сенам
по твоите полиња и пространи планини
Македонијо
Да бев гулаб гласник што спојува дворови
да расчистам дири од  твоите трња плотови
Македонијо  
Да бев сонце без зајднина вечно да грее
над твојата стројна снага целовито
Македонијо
Да бев …

petko-sapinkarovski
ПЕТКО   ШИПИНКАРОВСКИ