Среда, 07 Септември 2016    Печати
Вечност

Во една долина на планетата Земја
во нејзините дамари се сокриле,
се сокриле и вечно демнеле
демнеле и деноноќно следеле.
Го следеле секој миг,
мигот кога се раѓа денот,
 раѓањето на првиот утрински зрак.

Секој камен раскажува,
раскажува  своја ..приказна.
Приказна за убавините на земјата моја.
Приказни за љубовта на чедата твои.
Приказна за долга, тешка и крвава борба,
борба за слобода,
борба за убавина,
борба за независна Македонија.

Минале намерници,
да  надахнат снага.
Минале ненамерници,
да откинат сила.
Никој не може да ги помести,
никој не може да одземе снага.
Тие се вечност,
тие се богатсво,
тие се вечни чувари,
тие се вечни заштитници
на  родот  наш.
 
Рашириле камени гради,
ги згрнале спомените,
ги згрнале сликите,
да ги чуваат во дамарите.
Во дамарите на секој човек,
на секој човек-македонец,
ги чуваат спомените за денес,
ги чуваат спомените од вчера
и спомените за поубаво утре.

jadranka-klisarova
ЈАДРАНКА КЛИСАРОВА