|
И на песната и се чудам што не ме напушта кога газам по просторите на историјата.
И таа не се плаши доколку заталкам по некое минско поле а знае дека преку болките и без видело во очите може да ги прочита крвавите ракописи на историјата.
Нема страв ниту од ножот смртта што го изострила.
Можеби затоа песната без мене не се враќа во нејзиниот вруток?
Таа може и сама небото и земјата да ги држи и тешка е како крушевските камења и македонскиот непокор и подготвена самата да се запее во слободата - нашата круна од сонце.
 Саво Костадиновски
|