|
Ти што ќе стоиш на Газибаба, потомче — чуј! Одовде и јас сум Скопје го гледал, А денот беше пролетен, од тие Кога во меко единство се плетат Свежите линии на крововите И сека топола е — зелен водоскок.
Со поглед малце премрежен сум бил (Одошто — молчам) Но видовит и јасен. И знај: Јас сетив дека овој повик мој Е најсмел заграб во иднината, Со твојот дух е преграб, јас би рекол, И како остра секавица сече Век по век тој, И вика, клика, рика: Мисли на мене!
ВЕЗИЛКА — 1955
 ГРИГОР ПРЛИЧЕВ
|