|

Ако молчиме немо во сончево пладне Кога е времето тихо и тревките траат, Тоа не е зашто жаламе секоја сама, Тоа е за да биде убаво.
Ако се нишаме од половина кога ветрот ќе задува И се наведуваме возбудени една кон друга, Тоа не е зашто ужас од корен нè полазува, Тоа е за да биде убаво.
Ако постиламе сенки на месечина Кога никого нема на нè изненади, Тоа не е за свитците посилно да светкаат, Тоа е за да биде убаво.
Ако сме покорни под рацете на лозјарите, Што ги кастрат нашите гранчиња и ги галат ластарите, Тоа не е за да родиме грозје и вино, Тоа е за да биде убаво.
Чудни сме ние . . . Кој почнал да нè разбира — Земјата му станува сè поблиска, Луѓето сè подалечни. |