|
Знаев дека во кафеаните, знаев дека во меаните, се порачува јадење, се порачува и пијалак, се порачува и на некоја сметка без крчмар, но не знаев дека во кафеаните, во меаните, во луксузните хотели се порачува држава на послужавник, се порачува Народ надробен во македонска салата за со тап нож да се сече, да се парчи и од тоа парче што останало, што останало од Македонија да се дораспарчи како старо парче сирење за да се изренда на некоја нова европска салата... Пак крчма без крчмар, пак воскрес на мртви идеали во Букурешт некогаш, или денес во Солун во луксузните одаи на некоја нова, тукушто неумрена Европа, а ние Македонците пак живи мртовци на жртвена софра со крвав чаршав поставени! Само едно, едно да не заборават лиотите балкански, да не го заборават Орцето, Кирков, Мечев, Маџунков, Арсов, Шатев да не го заборават, да не ги заборават Гемиџиите зашто динамитот сеуште во смртта нивна тлее незапален!
 13.07.2017 Панде Манојлов
|