Среда, 30 Август 2017    Печати
КОГА ПИШУВАМ ПЕСНА ЗА МАКЕДОНИЈА

makedonija111

Саво Костадиноски (Свети Прохор Пчински, 4.7.1988)

Кога пишувам песна за Македонија,
мислите длабоко, длабоко ми тонат,
и, чинам, од камбаните крушевски -
илинденски напеви долго ми ѕвонат.

Кога пишувам песна за Македонија,
го гледам Гоцета со лице сакано,
ги гледам Питу, Сандански, Карев,
што создадоа прва Република на Балканот.

Кога пишувам песна за Македонија,
пред моите очи стои една драга слика:
Прилеп со својот востанички Октомври -
победоносно по Илинден в радост блика.

Кога го гледам манастирот Прохор Пчински,
ми се рабиструва и ми станува јасно:
ние постоиме затоа што го имавме
и Илинден, и Октомври, и светлиот АСНОМ!