|
Има една земја мала но со срце големо име и е Македонија од сите страни сонце ја грее а секогаш за неа песна се пее во песни е опеана како мајка на јунаци и предавници За тебе мајко се пролеа многу крв загинаа без број херои не жалејќи ги своите животи Твоите јунаци Македонијо ропски синџири скинаа и на душмани не се предаваа Името Македонијо не го давај друг да ни го смени друг да ни го земи Секој мајко кој сака да те пороби кој сака да те распарчи никогаш пород да нема подобро земја да го снема Сите земјо те сакаме, будно те браниме ти си китка Балканска неовенато цвеќе кое за нас Македонците непрестајно цвета Македонијо ѕвездо небесна убавице тебе те красат Егеј, Вардар, Пирин и Преспа нив една мајка ги родила и од окупатори крвни ги ослободила Македонија цела да е, вечна да е секој неа да ја знае во неа в песна слобода да блика дојдете сите Македонија ве вика.
 Ленче Клекачоска
|