|
Од македонските цркви и манастири, о, колку е моќен гласот на камбаните – допира до сите нашинци преку океаните!
О, тие камбани, вековно што ѕвонеле, што го разлевале на сите страни гласот – за сите Македонци значел избавение и пат кон спасение.
О, камбани македонски, о, ѕвона мили, ако можете ѕвонете со сите сили и разгласете: од вас не се двоиме, со вас претци постоеле, а и ние постоиме!
Ѕвонете мили, вашиот ѕвон милозвучен, со привлечноста, си издлабил место и пат до вечноста!
 Саво Костадиновски
|