|
Македоци каде сте? Каде заминавте? И земја убава оставивте предавници да ја газат наместо да ја пазат ,кумови не канети сами се фалат,име за пари продаваат без да се срамат и жалат зарем устите не ги болат од лага кога праакат студен поглед полн со тага кој долго време бара насмевка со песна ќе ви кажам нема да ве лажам дека мојот свет го краси Македонија често сонувам будна одам по пат стрмен и чуден полн со препреки и лажни правила кога здивот ми е жежок ве сакам Македонци збор е тежок и прв пат ви го кажувам ве сакам мои браќа и сестри овај стих нека биде ваша трага како плима не ми достига Македонија со неа си ја лечам мојата тага името Македонци низ вени ми протекува и душа ми отвора со поглед ме гали срце ми пали признавам заљубена сум во Македонија Сами си ја израдивме нашата прва Република и сами ќе си го решиме овој проблем за секогаш само ако сме сложни Македонци само така ќе успееме.
Македонци, Македонци гладни, жедни за своите права силни како волци не викаме ние за наешто име да се кине туку викаме ние нашиот глас на секаде да се чуе и разбере како Македонско срце бие не сака да спие.
 Ленче Клекачкоска
|