Среда, 11 Јули 2018    Печати
ПРОДАДЕНИ ДУШИ

Брате, остани нем
страв гледам во очите твои.

Не си прави грев на душата
не ме туркај во бездната
не ми фрлај пепел врз очите
не ме плискај со вода неблагословена
остави ги коските да ми скапуваат
не ги закопувај
нека станат плен на волците
ни поп не викај
душата да ми ја смири
не ставај ни белег христијански
дека исконски сум постоел
ниту име и презиме
ниту место на раѓање...

Сам ќе се турнам во бездната
Брате, не си прави грев на душата.

dusan-ristevski
Душан Ристевски