|
Кога во ноќта се бараат две дланки неизбежен е нивниот допир. Тогаш сите форми се губат. Сите геометриски фигури. Освен кругот. Опожарен круг од огнени јазици со мирис на запалена кожа. Бранови во кружен тек. Набој на вжештена лава од центарот кон кружницата. Тогаш се кине и последната алка од синџирот на свеста. Се губат димензии. Се рушат брани. Пукаат катанци.
 Р. Христовска, 11.02.2018
|