|
 САВО КОСТАДИНОВСКИ
Биди горда земјо на твојот народ во срцата за тебе тој топлина чува топлина со света божествена љубов според замислата на сонцето светло живот што ни дава овде да постоиме та и како вечна светлина мила од денот убав што не ја двоиме со завет сме што бодри и храбри дека и ние сакана земјо од тебе нема да се одвоиме
Те сакаме земјо со срце и душа народот бескрајно тебе ти е верен повисока верба и од планината да бидеме тоа што вековно сме биле ко цвеќето верно на убавината убавини што личат на нашите песни и желно бараат да ги запееме зашто само така со жарот на љубовта гласно се пее за татковината
Биди горда земјо на твојот народ во нас си љубов желби што ни множи посветла да си од секое сонце поубава да си од секоја убавина народот за тебе да продолжи да пее од три страни сонцето да грее од четврта месечина. |