|
Ако еден ден домот ми стане туѓ и ми се одмили, ќе морам да заминам лажејќи се себеси дека ќе го преболам. Само почекајте ме устава да ми онеми и очиве да ми ослепат, пред да изустам клетви и пред да видам стреи со гнезда напуштени. Дури и слепа и нема со душава ќе крикам со лелек и со пискот од скрб по домот. Кога ќе премалам и во сон ќе потонам, тогаш одведете ме таму под некое небо туѓо и непознато. Во едната дланка ставете ми врзопче со грутки црнозем и леплива црвеница од нашите ораници. Во другата ставете ми крст и гранче босилок, а во пазувите синчец за да го понесам небото таму некаде далеку под туѓото сивило.
 Автор: Розита Христовска
|