Среда, 26 Септември 2018    Печати
ЗБОРОТ

savo-kostadinovski-pesna
САВО  КОСТАДИНОВСКИ

И да не сакаш
сепак во себе носиш
од крвта на зборот во твојата крв
и секогаш при рака ти е намислата
од зеница на око
до космичка големина
за сѐ што сакаш да пресметаш
во просторот на зборот
мегдан да најдешИ да не сакаш
сепак во себе носиш
и ќе носиш
со крвта на зборот во твојата крв
светлина на зборот
Зборот може тајни да ти чува
зборот гледа
зборот е окото на слепиот
зборот е збор
што минатото го оживува
и буден е воин на сегашноста
и голем визионер на иднината
и гласник е тогаш
кога точка ќе му се стави