|
ОСТАНУВАМ ЈАС
"Јас" во "Мене" останувам Јас и никој друг: со слободен дух и слободна душа! Ако ме врзат со синџири, ако ми ги врзат рацете и нозете, ако ме распнат и ми стават јамка на вратот, ќе го гледам само Јуда како виси, ќе го жалам, но не и себе... Кога се родив мојата Голема Мајка не викна наречници судба да ми проречат, туку тивко ми рече: Ти, никогаш нема да бидеш поробен без твојата согласност, зашто, длабоко во тебе го носиш печатот на твојата Татковина! Јас, останувам Јас, тука каде што сум роден.

Панде Манојлов
|