|

Панде Манојлов
НА СЕВЕР НИШТО НОВО
Ај, мајката, ај, стопанкина му, ај, пустињата...
Роден беше дедо ми, во турско, 1892, и никогаш не му дадоа ни крстениче, ни тескере...
Тој знаеше што е, но војни како војни, кој дојди така пиши го: едните Грк, другите Србин, третите Бугарин, четвртите Југословен...
И сите тескере му даваа, сите војнички униформи, сите и име и презиме му менуваа а, тој, само своето си го признаваше!
И султани смени, и кралеви смени, и цареви и претседатели и маршали смени а тој ист си остана:
ЈАНЕ МАНОЛЕ нѐ, граѓанин, туку селанец и земјоделец на својата земја - МАКЕДОНИЈА!
Ај, мајката, ај, стопанкина му, ај пустињата, сиктер сите, така до крајот на животот велеше! |