|
Панде Манојлов
АНГЕЛИ ОД АДОТ
Како слепци и ослепени воини со еден едноок сто нас да не води, во тешки маки и по илјада години пак во Слепче, слепи не донесоа, на некоја икона од Ангела без ангелско лице, како раби божји пред неа да се молиме... Ние слепи а царот наш уште послеп, со Скифијас и Василиј во Преспа на бела софра ни го изедоа живо името и телото кревко за таа, сатанска икона без ангелско лице во која светот се крсти, слатко да се слади со нашите ослепени очи како кавијар да се од циронки дребни. И слепи, сега, фрлени на друм трнлив во ноќ длабока и црна, на друм без светлина и патоказ јасен, со високо кренати раце кон Бога и небесата горе, ајде да си го побараме од Курбиново ангелот македонски, наш, а не таа, сатанска икона без ангелско лице алабраца што се носи со макро луцифер од адот, по божји пат со ум и разум тој ангел нас да не води! |