|
Саво Костадиновски
Должни сме…
Должни сме кон татковината сите ние: зборот да го чуваме и за неа секогаш со гордост да зборуваме.
Должни сме кон татковината сите ние: песната да ја чуваме, да ја пееме и со гордост да се радуваме.
Должни сме кон татковината сите ние: да ја сакаме да ја цениме и почитуваме
и -каде и да отпатуваме по светот бел – татковината мила да не ја забораваме- да ја посетуваме. |