Среда, 13 Мај 2020    Печати
Г О Ц Е В И Ф А К Л И

goce-delcev

Г О Ц Е В И  Ф А К Л И

По повод 117 годишнината од смртта на

Македонскиот војвода и апостол Гоце Делчев (4-ти мај 1903 год.)

Згрозен од животот на ропскиот фес

Отиде кај аскерот да искаже бес,

Штом ги виде на рудина, лавовски им вресна

И од себе гуњата на земја ја тресна.

 „Еј фесови клети со нечесни дела

Мајката ваша... ќе ве стрелам в чела,

Бегајте одовде, од селава наши

Имаме комити не ни требаат паши.

Доста е в пранги клетото робје,

Доста ни шета анџарот в крвје,

Доста е лелек на невести и мајки

Носете ги со вас харемските бајки.

Оставете го чифликот на племето мое,

Оставете го аргатот да жнее на свое,

Оставете и бегајте од земјава наша –

Бегајте до еден, од султан до паша.

Се разбуди свеста кај браќава мои

На усните Манифест напишан им стои:

 -  Да кренеме рака за слобода и чест,

 -  Да сотреме племе што посеа бес...!“

Прв викна напред – за слобода со ура,

Прв лакомо заплива по јаничарската бура,

Прв реденик испука од рамото свое

И прв оган запали во срцево мое.

Иван ТРПОСКИ