Среда, 25 Ноември 2020    Печати
Емина Спахиќ : МАКЕДОНИЈА

Emina

Емина Спахиќ поетеса од Скопје

МАКЕДОНИЈА

Те сонувам често

во сништата сини,

од што ли си?

Од кал

од жед

од бисери

од искони?

 

Големото славје на Бога

е гозба и пир за сите нас

и бакарот

и сонцето

и езерата

и планините

овде во тебе се чисти и вечни.

 

Само гласникот

мирот го носи а ти гориш во нас

и пред Големата трпеза

на ископините

ја разоткриваш таа убавина

и тајна во шепот.

 

Те сонувам,

те сонувам

земјо моја единствена...