|
Тој е како бисер сјаен на сонце светка и блика, тој е еден светол јазик, јазик македонски се вика.
Дали ти македонско чедо што го зборуваш јазикот на баба и дедо, го негуваш и чуваш јазикот свој, знаеш ли колку вреди тој?
Вредноста негова е голема, поголема и од небото ширно и од планините, патиштата, поголема од езерото мирно.
Македонскиот јазик е бескрајно вреден без него ти немаш гордост без него ти си туѓинец беден.
Треба да се знае како прво: ние не сме без корен дрво имаме свое, македонско семе, имаме јазик од дамнешно време.
Од книгата „Разделба со детството“ на Христина Аслимоска, од Охрид
|