Среда, 01 Август 2012    Печати
Песни од Сотир Ничов

pesni-za-makedonija

ЗА МОЈАТА МАЈКА


Години мајко по светот
Шетам и скитам
Младоста моја
Така ми помина замина
Во таа пуста туѓина
Цел живот таму помина
Лице ми овена
А мајка невидена

Мајко ти ми си све на светот
Ти си све јас што имам
Зашто мајко не си сомене
Се разболев мајко
Оти не си крај мене

Секоја вечер те сонувам
Ношја се разбудувам
Тебе мајко не најдувам

Солзи мајко ми течат
Лице овенато мијат
А тагите мој не кријат
Кораш си давам
Пак мајка да видам


ДОЈДЕ ДЕН


Дојде ден да се делам
Дојде жално време да се збогувам
Збогум Трсје збогум мој селани
Последен пат ве гледам

Каде и да одам за вас мислам
Во туѓа земја непозната одам
Живот одново да спремам
Убави соној да сонувам

Трсјански убавини да преживувам
Ама во пуста туѓина се најдувам
Јазик чуж не разбирам
За вас боледувам и тагувам

Имам уште една желба
Со вас да бидам убавини да видам
Стари спомени да преживеам
Мое родно трсје да си видам

ИДАМ

Трсје идам кај тебе да бидам
Убавини твој да видам
Стари спомени да преживеам
Солзи да пролеам лице да измијам
Тешки горчила од срце да извадам

Трсје мое порти отвори на чедо говори
Чедо мое мило нема овде повеќе живот
Пусто е селото нема веќе бели дворови
Нема детски игри само трње и корови
Оди си пак во таа туѓина
Таму каде си замина

Убави спомени од Трсје во срце понеси
Трсјанска историја пиши си
Душманот никогаш да не ја избриши
За Трсје секогаш мислете
Весели секогаш да ми сте


ТРСЈЕ

Трсјани добри рисјани
Свртите глави па видите
Лунзер Кукул Черешата Голината
Прошетајте по Трсјанската убавина

Видете Тиза Вардишча Ливаѓе Старо Трсје
Чујте извори бучат реки тивко течат
Како шумите шумат песни си пеат
Лисјето мирно веат Трсјански песни пеат

Кога чуете кавал шупелка по планина убава
Кога чуете грнета да свири тапан да чука
Оро сред село се вие
Македонски песни се пее
Македонско знаме се вее

Тоа беше нашето село весело
Трсје село измачено поробено изгорено
Никогаш не заборавено
Крвници грчки бесни тирани
Корен од вас да не остани

Станете Трсјани да се поклониме
На жртвите на хероите загинатите
Што живот дадоа за слобода
Вечен аманет на овој свет ни оставија