|
 Перо Дамчевски Коцин, Сиднеј
Оваа земја, овој народ, ние, вие со сите оние кои ги втемелија животите ние сите заедно и со крв и со пот ги реализиравме нашите идеали Но ние овде денес не сме сите и сите ние денес не сме овде Македонци во македонски граници Македонци во заложени граници Македонци во светски граници Вардар Егеј и Пирин, наша граница а, каде ли е границата на тие граници...
А, таму некој и името ни го менува постоењето ни го одрекува ги рушат зидиштата на мојот, твојот, нашиот, вашиот идентитет... И, гледате ли како уште лажат, лајат, беснеат, пропагират нашата земја нема историја, нема име, нема историја, нема име
Таа ли земја каде со цената на илјадници жртви ја прогласи првата Република на Балканот таа ли земја која изгледа синови како Филип, Александар, Гоце, Питу, Даме, Јане... таа ли земја распарчена мегу Србија, Грција, Бугарија, Албанија чии деца лежат под туги знамиња и туги гробови таа ли земја чии деца исчезнаа по занданите на Атина, Софија, Белград, Тирана таа ли земја нема име, нема историја
Доста со тие ваши српски земји, грчки, бугарски, албански доста со тие ваши срби, грци, бугари, албанци Вам на сите ви е јасно како ден овде, тука среде Балканот е Македонија Тука се, биле и ке бидат Македонците Сакале вие или не... |