Среда, 11 Септември 2013    Печати
Песна за Арсо Војвода

Arso-Mickov
Арсо Војвода

Во судир со турскиот аскер и башибозукот во јануари 1905 година, загинал војводата Арсо Мицков од село Подвис. Загинувањето на овој народен заштитник потресно одекнал меѓу народот во Кичевско, зашто тој бил познат како крупна фигура на настаните на овој терен, заради што народот  го овековечил во песната која и ден денес се пее скоро на сите собири и народни веселби. Најголемата болка лежи во тоа што народните преданија зборуваат дека сестрата на Арсо го предала на Турците.

Зароси роса крвава, заради Арсо војвода.
Каде се чуло, видело сестра да брата предаде?
Станала рано в' недела, отишла в' село Другово.
Друговци ако го Арса барате,
Арсо е в' Подвис на гости
со својта верна дружина.
На конак кај Спира и кај Томета.
Кај Спира имат пет мина, а кај Томета шест мина.
Станале пусти Друговци, отишле долу в' Кичево,
викнале силна потера, селото го сардисале.
Потегна на Арсо војвода, затегна пушка малихер.
Прва ми пушка што пукна, падна ми јузбашијата
Втора ми пушка што пукна, баш чауш падна од коња.
Треќата пушка што пукна, падна  ми Арсо војвода.