Среда, 18 Септември 2013    Печати
Песна за војводата Крсте Алексов

sloboda-ili-smrtПосебно во Кичевско, Крсте војводата оставил силен впечаток сред народот и за него, со посебно задоволство се пеела песната;

Силен ми ветар завеа од Кичево и од полето.

то не беше силен ветар, тук ми беше силен аскер,

турски аскер и башибозук:

Сардисаа планините,

планините долините.

ги догледа Крсте војвода

Ја станете мили браќа,

Сардисани сме од сите страни,

од планини и долини.

Ми станаа комитите

си грабнаа оружјето.

Ми отпочна лута борба

Аскер викат; „Алах, Алах!“, „Ура“ викаат комитите.

Паѓаат жртви неброени.

Крсте војвода извика:

Ајде браќа, мили браќа, на јуриш да куртулиме,

ставете ги ножевите, запалете ги бомбите,

сите браќа ај по мене!

Петнаесет души в обрач си пробија,

во горите се најдоа,

а дванаесет паднаа.

Слово држи Крсте војвода,

слово држи солзи рони

за своите загинати војводи.