|

Пушчил ми Кузман Кареман дваица млади сејмени, на Гурчиново бачило Гурчина да го прашаат: али е Мурат поминал, али е назад останал. Ако е назад останал, б`рго абер да донесат! Појдоа двајца сејмени, Гурчина си го прашаа: - Деј гиди, Гурчин кеаја! Кузман здрав-живо ти пушча, те моли право да кажиш али е Мурат заминал, али е назад останал? Гурчин му вели, сборува: - Слушајте, двајца сејмени! Не ми е Мурат заминал, току е от ваз по-назад, овде му ручек нарача. Ние му ручек готвиме, под онаа сенка ладовна, на онаа трева зелена, кај онаа вода студена; тува ке Мурат пладнува! |