|

И беше тоа многу одамна Во земја исконска и мила. Ден денес да се пишува, да се твори, Да се пее, но доволно не е. И беше тоа многу одамна Кога браќа и сестри Македонци заедно биле Земја библиска, земја Александрова твоите чеда далеку се сега копнеат и тажат за огништа стари. Со векови народот поробен беше Туѓинци газеја, грабеја, измачуваа Јазик и име негираа Она што е твое нивно било Од мајчини раце деца оттргнати Во виорот на војните далеку прогонети Децата,боси и гладни се држат цврсто за рака трчаат во ноќи црни, итаат некаде во далечен непознат за нив свет О каква ли мака! Зар имаше некој солза што не пушти Зар имаше надеж дека пак ќе се вратат? Нивните мајки останаа да патат, Родното огниште празно и пусто Мачна историја пише и чека Еден ден неправди да снема Ден кога она што е нивно твое ќе биде! Ден кога сите заедно ќе бидат И наместо солзи, радост ќе блика Земјата родна, назад ве вика!
Гордана Димовска
 Гордана Димовска
|