|

Никола Вапцаров
Оваа земја, сега што ја чекорам, оваа земја, која пролетен ветер ја буди, оваа земја, не е моја земја, оваа земја простете е туѓа. В зори тргам. По фабричен друм безбројните рубашки минат. Ние сме слеани со срце, со ум, но земјата... за своја не ја имам. Над мојата земја напролет зраци сеат сјај и грмат водопади од сонце над роден ми крај Чувствуваш длабоко срцето на земната град и гледаш цвеќа безбројни скокум како раснат. Над мојата земја в небото опира Пирин Облаците в бура илинденски прикаски пејат, охридскиот лазур е бескрајно син и ширен, а надолу уште изгрејсонце Егеј го грее. Си спомнам ли само – и ете надојдува крвта во срцето, кое се топи од некаква нежност... Земјо моја! Прекрасна земјо моја!... Поена со крв, лулеана в метежи тешки.
Во Софија 1939. |