|
 Перо Дамчевски-Коцин
Јавно видување гласно размислување опоменување без суфикси и префикси без пазарење и нагодување за името-идентитетот нека разберат засекогаш и Европа и светот.
До сите македонски бранители Патриоти, ослободители до сите локални и државни владатели, претседатели позиција и опозиција за оваа наша чудна страмна транзиција.
Име измислуваме прекрстуваме, пазаруваме земја разградуваме непаметно несмислено нездраво и кој нам ни дал такво право!?
Под сила и присила со закани и накани комшиски, белосветски разговараме договараме, преговараме за името за презимето за суфиксите и префиксите за нашето секојдневно име древно македонско.
Престанете да им верувате на сите лажноветни, недоветни на сите штетни и суетни се закануваат н# замолчуваат н# понижуваат омаловажуваат име ни оттуѓуваат не отпишуваат.
Време е да се свестиме и на светот в лице му плесниме име свето не даваме не продаваме од преговори се повлекуваме земја исконска не прекрстуваме Македонци за навек остануваме за Европа нема да лелекаме ниту пак за НАТО во ред ќе чекаме... |