|

Како евтин дар ни е судбината во самракот и ветерот што ѕуни, како сноп е таа без јажица растурен во јуни!
Катаден зборот на нашите чеда е исполнет со тага без насмевка, полн сиромаштија и жал за татковината што ја губат!
Поблиска ни стана Австралија од дедовите ниви, уште поблиска и Шведка и Германија од родните стреи!
Ги немаме уздите в раце, огламникот сега друг го влече кон провалии, кон стрмнини и бездни...
И пак не делат и пак не селат како делбите и селидбите вечност да ни се - бесилка и свилено јаже за тенок врат...
Да се сакаме меѓусебе мој народе страден, да се сакаме македонски додека не има, само така Македонија мртва нема да биде!
25.02.2о14 Панде Манојлов
|