|

Се стивна бурата на Балканот А сеуште царува над него Содом,- Тоа во македонските великани Клокоти крвта за татковиот дом Не под среќна ѕвезда Го влечеа животот досега тие Обележувајќи ги со алова бразда Не само нивите, туку и дните. Крвта во градите не напразно им тече, Збирајќи резерви од тајни сили: Целото небо ќе го осветли со пожарот Кога ќе дојде заветниот час. Душмани, плашете се од великанот Додека в срце му гризе црв, У тргнете се вие од вулканот: Да не ве погребе во кратерот тој, - И не китете се со празната слава Опијанети од победите пусти: Таа ќе ги залее со врелата лава Безумните бладања од дрските усти.
Леон Шах – Паронијанц, 1915 |