|
II- Прличева награда за поезија
Наташа
(посветена на мојата покојна внука)
Твоите коси како свила, твоите очи како езера две, твоето лице понежно и од цвет, а твоето тенко тело ја красеше твојата младост Беше ученичка вредна секогаш прва во ред со твојата отцена пет беше толку мила многу слатка послатка и од мед но твојата приказна почна додека твоите учители штрајкуваа а ти сакаше да одиш во селото Mешишта да ги видиш твојата бабичка стара што ја остави срцето за тебе да и се пара и твојата братучеда мала која не знаеше да те кара беше ден после твојот 12ти роденден кога еден човек со камион порaди невнимание те однесе од мајчината прегртка,од мајчината љубов и од сите нас кои не те видовме повеќе жива лежиш ти сега во црната земја немаш ништо се ти бега и кога сега јас сум далеку од тебе во туѓина пуста стојам сама и гледам низ отворениот прозорец да те видам пак и кога тебе те нема моите солзи течат како дожд а во моето срце како некој да ме прободи со нож и сега кога јас сум на два ума една несреќа не те остави како цвет да цветаш,среќата те служи до зори за срцето дуру си жив да ти гори Ох! се надевав можеби пак ќе те здогледам Ах! проклет да е кој те однесе, а твоите солзи и твојата младост да му бидат казна и тешка пресуда
Еј! животе бегаш сега ме оставаш за секогаш сама во мисла и тага кога некој многу сакаш зошто мора секогаш со смрт да плаќа.
Шифра: Наташа Ленче Клекачкоска, Сиднеј

|