Петок, 18 Април 2014    Печати
ВЕЛИГДЕН

jajca

Велигден

Искрена и мила од небото блесна

Светлина ги покри и мали и стари

Богати и бедни, немошни и гладни

за љубов и мир страдни

Во градови и села, во земјата цела

Ѕвездата сјајна и мила

Силно блесна и почна да дарува

Радост, надеж и сила.

Незнаен патник навратил и слуша

Стариот дедо раскажува на внуци

Приказни стари за празникот голем

За херојства и мечти на народот страден

Чија е оваа земја дедо?

Оваа земја е исконска и света

Земја на великани, просветители, херои

Земја во која се пее и игра македонско оро

Да кажува и везе за историја славна

За печалбари наши заминати во светот.

Спасителот Исус меѓу нас дојде,

Да ни покаже како да живееме,

Како да мислиме и сакаме и други освен себе.

Господ Бог го прати со мисија јасна,

Да ги земе нашите гревови врз себе;

Повикувајќи ангели од небо

Тој секого сака и може да спаси

Се мачеше за нас но крстот не го уништи Него

Воскересна на Велигден, во раното утро

Исполнет со живот и бескрајна љубов

Ја победи и смртта за да ги исполнува нашите срца со радост.

Воскресна за да подари светлина на светот

Воскресна за да биде наш вечен патоказ и сила!

Gordana DimovskaАвтор: Гордана Димовска