|
 Константин Миладинов
Сираче момче сејало И једна песна пејало: „Каде се чуло, видело Седум години во село Да сеа, жниа и пота И от мојата работа До зрнце да се изабит От чужи да се разграбит! А ја сираче да шетам И улиците да метам, Везден работа нивата, Без да си крена главата.
Дожд да врнит? Но ја не седа, А работата си гледа! Вечер ќе зајит сâнцето, Ја ушче шета полето. Раното сâнце излегвит, На нива мене досегвит. Сите со лебец, со вода, А ја без корка да ода! Сите сос рубо шарено И сос кадифе зелено, А ја от сите терано, Носам от сите раздрано. Ако ме некој погледни И покрај мене ми седни, Мој нарачници проклети Јадвени пушчат клевети.
Детска радост ко цвеќе В пусто ми срце се суши, И пред очите ми веќе Само ми счастје се вруши.
Сите си имат роднина, Со ним се смејет, си пејет, А мој надежди в пустина От силни ветри се вејет.
Некаква тâга ја има. Сè прах и пепел се чинит. Пред мене веков как в зима Во темни мâгли се чинит. |