Среда, 02 Јули 2014    Печати
Думание

miladinov
Константин Миладинов
1859 февруари

Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам?
Окул-нокул јарка младост,
От љубовта барат ладост.
Тја лад не дат, пламен даат,
И во мâки души клаат.

Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам? -
Јарка младост, јарко греит
И ко цвеќе ме венеит.
Барам сенка да с’оладвам,
В место сенка, в жарој падвам.

Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам? -
Младост срцето ми печит
Без надежда да м’излечит.
Ела, младост, усили се
И во мене угасни се!