Среда, 20 Август 2014    Печати
НА ИЛИНДЕН СЕ ЗАКОЛНАВ

misko-taleski
Мишко Талески

Оваа земја раѓала, херои и предавници,
јунаци и проклетници, македонски,
куршум по куршум те убивал,
камен на камен те налегнал,
душман по душман те изодел, па се изгорел,
помини, намини, кај што зелен Пирин криел комити,
помини, намини, кај што Солун горел од гемиџии.

Македонска химна навек ќе се пее,
македонско знаме горе ќе се вее,
колку сака нека боли, ова срце ќе со бори,
никој нема да го покори,
завет дедов ќе го чувам, нема земјо не те давам,
на Илинден јас се заколнав.

Карпалак, Вејце, Љуботен, народе не ги заборавај,
јунаци таму загинаа за Македонија,
тој што те предал и проколнал, колнат ќе биде довека,
пак сонце ќе не огрее откај планините,
помини, намини, кај што Лешок плаче за стари икони,
научи, раскажи, на сите нови генерации.

Македонска химна навек ќе се пее,
македонско знаме горе ќе се вее,
колку сака нека боли, ова срце ќе со бори,
никој нема да го покори,
завет дедов ќе го чувам, нема земјо не те давам,
на Илинден јас се заколнав.