Сабота, 17 Јуни 2023    Печати
СДСМ биле за ЕУ и НАТО а ВМРО-ДПМНЕ против?

1uv1

На 17 јуни 1990 година, во салата на Домот на млади  „25 мај“ во Скопје, беше формирана ВМРО-ДПМНЕ и од говорницата беше изговорено:

Македонија ќе има своја армија, македонски амбасадори, македонска валута, македонска репрезетнација во фудбал, кошарка, ракомет....ќе ги има сите нишани на една современа европска држава, дека Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, во Македонија одекна како бомба.

Во некои тогашни медиуми беше објавено дека се  формира ВМРО-ДПМНЕ- фашистичка партија во Македонија, само заради тоа што сме сакале самостојна држава на Македонскиот народ и затоа што сме сакале Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО.

Истите  Тие, кои тогаш беа против самостојна Македонија и против зачленување на Македонија во  ЕУ и НАТО, денес без срам сакаат да ја убедат македонската и меѓународната јавност дека ВМРО-ДПМНЕ не сакала Македонија да влезе во ЕУ и НАТО ? Да  пукнеш од смеење.

Можеби  ги напуштило паметењето, или го потценуваат Македонскиот народ дека заборавил кој од тогаш до ден денешен се залагал токму за овие вредности.

За  Гоце Делчев и Никола Карев, мислам на спомениците, не ме чуди дека се против, па нели и 1990 година беа против да се постави сликата на Никола Карев во Сообранието на Македонија?

Тогаш беа против Македонската химна, денес го менуваат текстот на химната каде се спомнува Гоце Делче, Даме Груев и Сандански!

Беа и против сопствена Македонска армија, полиција, дипломатија, тогаш беа против се што може да личи на самостојна Македонска држава!

Тогаш на цел глас не нарекуваа фашисти затоа што сме биле за ЕУ и НАТО, правеа списоци за ликвидација, го прислушкуваа седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, делеа памфлети напишани на бугарски јазик со цел да „докажат“ дека сме биле за Бугарија и Македонија ќе сме ја продаделе на Бугарија и ред други глупости.

И денес како ништо  да не било, бог да не чува и брани  од бетер. Денес цела македонска јавност може да заклучи: кој денес самостојна и суверена Македонија ја продава за лични интереси на Бугарија.

Македонија како држава која ги почитува националните определби на сите кои живеат во Македонија: Албанци, Срби, Турци, Власи, Бошњаци и др. несмее да дозволи еден ден на НАС Македонците да ни биде со закон ускратено правото да се изјаснуваме како Македонци!

На  сите да им се  дозволи да се изјаснуваат како што се чуствуваат и тоа е добро, а на сопствениот народ НЕ. Тоа е невидена глупост и ВЕЛЕПРЕДАВСТВО во историјата на човештвото, ова може да го направат само болни и предавнички умови, никој друг нормален.

Единството  во Македонија е повеќе од потреба, а единството ќе се постигне кога политичарите од СДСМ (не оваа гарнитура на продадени души) ќе престанат да го лажат Македонскиот народ и ќе сватат дека се избрани од народот да работаат за народот на државава Македонија.

Македонците не сакаат да бидат било што друго освен, Македонци!

Македонија Вечна!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ