Четврток, 22 Јуни 2023    Печати
Можност да се запознаете со ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ!

3448603

Законот предлага тотално редефинирање на сето она што до сега сте го подразбирале како ПОЛ, РОД, МАШКО, ЖЕНСКО, семејство, здраво поколение, нормалност, традиционален сексуален морал, здрав и просперитете наРОД!

Доколку, драги мои, сме решени да се спротиставиме на тоа да не редефинираат и уништат како наРОД, како идентит и дигнитет, како Македонци, како родители, како функционални граѓани на нашата држава, како посветени верници кои својот живот го осмислуваат и вреднуваат со Божјите вистини и модели на живеење - тогаш е потребно сериозно да се спротиставиме на донесувањето на овој крајно проблематичен закон!

Истиот е пишуван крајно итро и подло! Од една страна предлагачите многу се заинтересирани, особено за правата на жените, што не е проблем, та и во постоечкиот закон жените се заштитени и се потенцира родовата рамноправоста, односно, рамноправноста на мажите и жените, но во новиот закон за  РОДОВА ЕДНАКВОСТ се внесува родовата (gender) иделогија.

Таа тврди дека ПОЛОТ и РОДОТ се различни нешта! Еве што за тоа предлагачите напишале во предлог законот:

Член 4, точка 1: „Пол“ ги подразбира биолошките и психолошките карактеристики врз основа на кои луѓето се дефинираат како жени или мажи.

А погледнете што тие подразбираат под РОД!

Член 4, точка 3: „Родов идентитет“ се однесува на внатрешното и индивидуално доживување на сопствениот родот што секое лице длабоко го чуствува за себе, што може но и не мора да соодејствува на полот што му е определен при раѓање, како и личното доживување на сопственото телото и поинакво изразување на родот, вклучително име, облека, говор, манири и дуго.

Погледнете за кого се важи предлог законот!

 Член 4, точка 6: „Жени, мажи и лицата со разновидни родови идентитети“ ги опфаќа и лицата до 18 годишна возраст.

Погледнете во што се состои суштинската стратегија и цел на предлагачите на законот!

Член 23, точка 5: покренува иницијативи и промовира активности за општествени и културни промени со цел

искоренување на предрасудите, стереотипите, обичаите, традициите и сите други штетни практики

во остварување на родовата еднаквост;

Дали разбирате какви општествени проблеми и судири ќе поттикнат овој член и оваа точка од законот!

подготвил: о. Ивица Т.

https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=75591