Среда, 24 Јули 2024    Печати
Коњаницата “Бигорски Манастир-Патот на Црешовото Топче“ по петнаесети пат го започнува традиционалниот марш за Крушево

36228

Здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“ Оваа година Коњичкиот марш го посветува на УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ КОИ БЕЗ НИКАКВА ВИНА ЛЕЖАТ во македонските затвори! Бараме Слобода за Уставобранителите!

Почитувајќи ги светите Илинденски традиции и годинава членови на Здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“ која ја сочинуваат: Коњаница „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“, „Илинден“ с. Радово-Струмица, „Букефал“-Битола, Крушево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Штип и за прв пат оваа година и коњаница „Златна Потковица“ од Ново Село-Скопје. 

Во спомен на храбрите Илинденци, Коњичкиот марш кој за прв пат се одржа 2010г.и оваа година традиционално по петнаесети пат ќе учествува на прославата, 10 дена КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА во Крушево.

Маршрута на Здружената Коњаница "Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“ за 2024г.

25 јули 2024 (Четврток)

17.00 часот за прв пат коњаницата „Златна Потковица“ од Ново Село-Скопје, од пред салата Борис Трајковски-Скопје, го започнува традиционалниот коњички марш за Крушево

26 јули 2024 (Петок)

8.30   ч. средба на Коњаниците пред гробиштата во с. Зубовце,

10.30 ч. пристигнување во с.Тумчевиште

15.00 ч. пред Црквата „Св. Богородица“ во центарот на Гостивар

16.00 ч. коњаниците го продолжуваат патот кон Бигорски Манастир,

27 јули 2024 (Сабота)

10.00 ч. Бигорски Манастир: Литургија, благослов од монашкото братство за среќен пат и заклетва,

11.00 ч. Коњаницата од Бигорскиот манастир тргнува на пат за Јанче.

12,00 ч. Пристигнување во с. Јанче,

13.30 ч. пристигнување во с.Галичник.

15.30 ч. Од селска ливада во Галичник тргнува за бачило Салтаница.

20.00 ч. Пристигнување во бачило Салтаница.

28 јули 2024 (Недела)

07.00 ч. Тргнување од бачило Салтаница, покрај бачилото Сулумуница.

11.00 ч. пристигање на бачило Раштанец,

16.00 ч. Пристигнување во Манастирот - Кнежино.

29 јули 2024 (Понеделник)

07.00 ч. Тргнување од Манастирот во Кнежињо кон Крушино.

09.00 ч. Пристигнување во Крушино.

10.00 ч. во Кичево на раскрсница кај борова шума кон црквата во Кичево.

12.00 ч. Од Кичево, се упатува кон с. Србјани по селскиот пат за Староец.

15.00 ч. Влегува во с. Врањешница во црква СВ Илија.

30 јули 2024 (Вторник)

11.00 ч. Тргнува за пат за Цер, поминува низ Турла и с. Црцко.

15.00 ч. пристигнување во с Цер.

31 јули 2024 (Среда)

09.00 ч.Од с.Цер, с.Пуста Река покрај с.Долно Дивјанци и Арилево

14,30 ч. пристигнуване на езерото во Крушево-кампот на коњаницата.

Коњичкиот марш 2024 г. го посветуваме на УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ КОИ ЛЕЖАТ невини во македонски затвори само затоа што го бранеа Македонскиот Устав!

Бараме слобода за Уставобранителите!